Новиот тренер на Вардар 1961, Гиљермо Милано, ја даде првата изјава како предводник на „црвено-црните“ и рече дека едвај чекал да пристигне во Скопје и да го започне новиот предизвик во кариерата.
„Со нетрпение го oчекував доаѓањето во Скопје. Се запознав со ракометарите и веќе ги одработевме првите тренинзи. Морам да кажам дека како тим со кој ќе раководам имам вистински професионалци кои ми оставија одличен впечаток.
Првите впечатоци се одлични и очекувам дека ќе напредуваме на секое поле. Имаме период полн со натпревари, но верувам дека сите заедно ќе успеме во исполнување на поставените задачи“, изјави Милано.
Фото: РК Вардар 1961