Милан ја демантира сторијата за Балотели

’Росоњерите’ велат дека нема вистина во сторијата за Марио Балотели и изјавите на фудбалерот дека ќе ја пушти неговата девојка да спие со сите фудбалери на Реал доколку ’Кралевите’ ја елиминираат Борусија Дортмунд.

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд денеска го играат реванш натпреварот од полу-финалето во Лигата на Шампионите.

’Кралевите’ се пред тешка мисија, треба да надополнат негатива од 4-1 за да обезбедат билет за финалето на Вембли.

Медиумите вчера пренесоа изјава од Марио Балотели во која контроверзниот напаѓач рече дека ќе ја пушти неговата девојка Фани Негуеша да спие со сите фудбалери на Реал доколку тимот од Мадрид ги елиминира ’Милионерите’.

Сепак, Милан го демантира сето ова, ’Росоњерите’ велат дека ’Супер Марио’ не дал коментари за дуелот помеѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.

„Милан ги демантира сториите на медиумите во кој има изјава од Марио Балотели за дуелот од Лигата на Шампионите помеѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд” – гласеше соопштението на тимот од Сан Сиро.

„Милан сака да стави јасно до знаење дека играчот не дал никакви коментари за овој натпревар”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -