Микро-стан: Генијално искористени 40 квадратни метри

Ако неопходноста е мајка на иновацијата, тогаш недостатокот на простор е татко на добрата архитектура. Фасцинантно е што се може да се постигне кога целите се високо поставени, а желбата доволно силна.

Архитектите од Specht Harpman успешно го трансформирале овој двокатен клаустрофобичен стан на Менхетн во прекрасен простор за живеење на 4 нивоа. Резултатот – станче што изгледа далеку попространо од неговата реална површина од 40 квадратни метри.

small-space-manhattan-apartment-overview

Првото ниво вклучува мала бања и целосно функционална кујна. Со цел да се заштеди на простор, кујнската површина е изработена во „wrap-around“ стил: кон дневната соба продолжува во трпезариска маса, а веќе во дневната – има улога на шанк.tiny-manhattan-loft-kitchen

kitchen-micro-loft-manhattan

toilet

Дневната соба го окупира второто ниво од домот и го користи веќе добропознатиот трик – складирачки простор под скалите. Ваквиот дизајн на скалите го прави просторот уреден и простран, а каблите што се протегаат од нив до самиот таван, даваат чувство на континуитет на самиот апартман.

micro-loft-manhattan-staircase

micro-loft-manhattan-staircase-open-drawers

Третото ниво е во форма на внатрешен балкон, а воедно и спална соба со поглед на целата дневна соба под неа. Вклучува уште еден сет од скали, кои водат кон слатка тревна тераса на покривот. Попатно, дополнителни плакари под скалите.

bedroom-manhattan-micro-loft

sleeping-level-manhattan-loft

overview-manhattan-micro-loft-468x526

Овој микро-стан во целост го искористува малиот простор што го окупира, балансирајќи меѓу високи празни ѕидови и компактни детали. Белите светли ѕидови и темните подови му даваат на апартманот безвремен, класичен изглед, додека севкупниот амбиент е потполно модерен.

- Реклама -