Луѓето кои не ги мијат забите два пати дневно се на поголем ризик од срцеви заболувања, велат податоците од најновите истражувања.
Луѓето кои не ги мијат забите два пати дневно се на поголем ризик од срцеви заболувања, велат податоците од најновите истражувања.
Оние кои не ги мијат забите толку често се за 70% посклони кон срцеви заболувања, отколку оние кои ја одржуваат хигиената на забите два пати дневно. Овие сознанија би можеле да значат дека лекарите преку прашањето колку често нивните пациенти ги мијат забите, ќе можат да одредат дали тие спаѓаат во ризичната група склона кон кардиоваскуларни заболувања.
Веќе од порано беше утврдено дека воспалувањата во телото, вклучувајќи ги тие на устата и непцата, играат важна улога во стеснувањето на артериите, а последниве две декади, постои зголемен интерес за поврзаноста помеѓу проблемите со срцето и болестите на непцата. Ова истражување, кое беше водено од професорот Ричард Ват од Универзитетот во Лондон, е прво кое испитува дали тоа колку пати во денот се мијат забите влијае врз зголемувањето на ризикот за развивање некоја болест на срцето. Студијата беше направена врз 11.000 возрасни испитаници при што беа анализирани податоците во кои беше земен во предвид и животниот стил, пушењето цигари, вежбањето, семејната историја на болести, дебелината, како и навиките за орална хигиена.
Веруваме дека ова ќе биде доволен поттик за да обрнете поголемо внимание на оралната хигиена, а бидејќи не е се до квантитетот, туку и во квалитетот еве една видео инструкција која која ќе ви покаже како правилно се мијат забите.
[Brushing teeth less means 70 per cent higher risk of heart trouble]