Мијалков отвора 25 обложувалници низ Македонија

Друштвото за приредување на игри на среќа „Макс Бет“ ќе отвори низа обложувалници во Скопје и низ Македонија. Во Централниот регистар компанијата моментално има регистрирано 25 подружници, од кои најголем дел во Скопје, но и во други градови, објави „Фокус“.

Доминантни сопственици на „Макс Бет“ во Македонија се српската компанија „Макс Бет“ на српскиот бизнисмен Саша Марчета, кој е нарекуван „кралот на коцката“, и македонската „Бест Веј Инвестмент“, во сопственост на синот на поранешниот шеф на УБК – Сашо Мијалков, Јордан Мијалков.

Компанијата на Мијалкови и Марчета е формирана на средината на 2018-та. Во мај годинава ја доби првата лиценца од Владата, на владина седница која ја водел вицепремиерот за евроинтеграции – Бујар Османи.

Во текстот на „Фокус“ се споменува и името на Илија Тозија. Повеќе ТУКА.

 

- Реклама -