Михајловски: По кулоарите слушам, знаете како се вика ноќна мора на шпански? (ВИДЕО)

Фото: Marca

Барселона се изгоре од огнените срца на вардарци, а во очи на финалниот меч против Веспрем, од остатоците од Барса започна да се шири специфичен мирис: дека локомотивата наречена РК Вардар е забревтана и дека пречката на патот можеби ќе пружи отпор, но нема да ја задржи.

Тоа чувство го имал и поранешниот претседател на Вардар, Михајло Михајловски. Во изјава за „Гол.мк“, тој раскажува дека не бил оптимист за мечот против Барселона. Но откако се случи тоа што се случи, веќе бил мирен, се радувал и бил сигурен дека ќе освоиме уште една европска титула.

„А денес слушам по кулоарите: Знаете ли како се вика ноќна мора на шпански? ВАРДАР!“, се смее Михајловски, задоволен и горд на неверојатниот успех на црвено-црните. Целосната изјава прочитајте/погледнете ја ТУКА.

- Реклама -