Пишува Горан Михајловски за „СакамДаКажам.мк“
3. Секогаш кога Красимир Каракачанов трескал глупости не сум го сфаќал сериозно, оти сум мислел дека тоа не е официјална политика на Бугарија. Сум бил во заблуда. Тоа е официјалната политика на официјална Софија. И таква и ќе остане.
Не знам дали Бугарите се свесни што направија со ветото. Ако веќе сакаа да нѐ претопат, сите да бидеме едно, ако имале намера да ги потиснеме сеќавањата од злосторствата од времето на фашистичката окупација, ако сакале да нѐ оттргнат од влијанието на Србите, од југоносталгијата и спомените за времето на Тито, тогаш баш тие требаа да нѐ туркаат во ЕУ, да ги тргаат рампите на границите, да трошат европски пари за патишта, железници, туризам, земјоделие, енергетика… Тогаш природно ќе се свртевме кон нив. Ќе им бевме и благодарни. И за нас добро, и за нив добро. Немаше да има потреба од декрет за љубов.
Што слика имаат сегашните генерации за Бугарија? Моите деца знаат само за Банско, Боровец и крем „здраве“ за пубертетлии. Сега, покрај ветото, научија и за суровоста на фашистичката администрација. Како што на мајка ми ѝ оставило печат во сеќавањето кога влегувале бугарските војски во Битола, така и на денешниве деца ќе им остави печат сознанието дека комшијата им ја спречува европската иднина. Дека заслужуваат помалку од бугарските деца. Џабе ќе ги менувате учебниците по историја. Сегашниве деца утре ќе ја пишуваат историјата. Со историското вето од 2020.
Не велиме ние дека целиот бугарски народ бил фашистички. Ама, официјална Бугарија во 1941 се приклучила на Тројниот пакт. И не велиме дека сите Бугари се злобни. Ама, официјална Бугарија во 2020 ни стави вето за ЕУ.
Многумина од нас имаат пријатели во Бугарија. Пријателите си се почитуваат. Како луѓе. Ама државната политика на Бугарија е непријателска и не е за почитување. Земјата ја судиме според официјалната политика. Официјална Република Бугарија направи акт на насилство. Официјална Република Бугарија уценува од позиција на членка на ЕУ.
И доста веќе со лигавење и подвиен опаш. Официјалната политика на Република Бугарија ја загрозува иднината на нашите деца… Целата колумна прочитајте ја ТУКА.