Microsoft го издаде долго очекуваниот Windows XP SP3

xpsp3Деновиве можевме да видиме секакви верзии од овој пакет за XP, меѓутоа
во стилот на К-15 би додале дека „финално си е финално“, преземено од
официјалната веб-страна на Микрософт. Не ве советуваме да преземате
важни системски пакети од неофицијални сајтови.


windows_xpДеновиве можевме да видиме секакви верзии од овој пакет за XP, меѓутоа во стилот на К-15 би додале дека „финално си е финално“, преземено од официјалната веб-страна на Микрософт. Не ве советуваме да преземате важни системски пакети од неофицијални сајтови.

Овој пакет ги содржи сите претходно објавени апдејти за XP, а има вкупно 1.073 закрпи. Internet Explorer 7 не е вклучен и треба да се преземе посебно и да се инсталира(а и не мора).

Со широката примена на Vista и надоаѓањето на новиот оперативен систем Windows 7, на XP му се ближи крајот. Иако Микрософт настојува да престане со негова продажба на 30 Јуни 2008 година, производителите на опрема не се согласуваат со тоа.

Нема да има SP3 верзија за x64 бидејќи таа ќе биде пуштена во исто време кога и Windows Server 2003 ќе добие апдејт.

Пакетот преземете го на линкот подолу.

- Реклама -