Мицкоски за судските рефоми: Кога јас би имал два проценти рејтинг ќе си заминам од политиката

За моделот на судски реформи којшто го предложивме, подготвени сме да разговараме и да слушнеме и друг модел, но не можеме повеќе како генерација да живееме во држава во која правосудниот систем има доверба кај граѓаните од два проценти, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

-Јас сум за тоа веднаш да се случат судските реформи и веднаш судството да суди и да ја донесе правдата и да нема рејтинг два проценти. Кога јас би имал два проценти рејтинг ќе си заминам од политиката. А тие наместо да заминат и наместо одговорност, тие грчевито се борат за фотелјите. Јас сум подготвен да разговарам со секој за секоја реформа која што ќе ја понудат. Со амбасадорот Гир имаме исклучително квалитетна комуникација на оваа тема и апсолутно стојам на ставот дека треба нешто да се направи. Ние тоа го знаеме. Ние овој модел го знаеме којшто го предложивме, подготвени сме да разговараме и да слушнеме и друг модел, но не можеме повеќе како генерација да живееме во држава во која на ушка политички моќници им седат на обвинители и во која правосудниот систем има доверба кај граѓаните од 2 проценти. Не сакаат луѓето да живеат во таква држава. Затоа си одат. Многу помалку си одат поради економски причини. Си одат затоа што се чувствуваат како граѓани од втор ред во сопствената држава. Малкумина моќници се прв ред граѓани, сите ние сме граѓани од втор ред. И затоа ова го предлагам – за да си ги задржиме луѓето дома, да не ни одат надвор. Тоа е суштината, рече Мицкоски на новионарско прашање по презентацијата на новите шест лесни оклопни возила JLTV во касарна „Јане Сандански“.

Прочитајте и:  Нашата желба и визија како две влади е да ја растуриме маглата од минатото и да гледаме јасно во иднината, порача Мицкоски од Приштина

Програмата на Владата предвидува Судскиот Совет и Советот на јавни обвинители целосно да се распуштат и на нивно место судиите и обвинителите самите да изберат нови членови со кредибилитет.

- Реклама -