Мицкоски, Ристовски и Мукаетов на средба со првиот човек на Светската ракометна федерација


Претседателот на Светската ракометна федерација, Хасан Мустафа е во посета на Скопје. Причината е Светското женското ракометно јуниорско првенство кое се одржува во нашиот главен град. РФМ и овој пат на врвно ниво организира еден голем настан како што е овој шампионат.

Хасан Мустафа покрај тоа што оствари средба со раководството на РФМ, претседателот Живко Мукаетов и генералниот секретар, Филип Милошевски, тој денеска заедно со нив се сретна со премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски и министерот за спорт, Борко Ристовски.

На средбата се разговарало за унапредување на македонскиот спорт, инвестиции во македонскиот спорт и визии за иднината.

- Реклама -