Мицкоски: Кога ќе имаме потреба од 80 гласа во Парламентот, ќе се покаже кои се пратениците

Кога ќе имаме потреба од 80 гласа во Парламентот ќе се покаже во пракса, изјави денеска премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, запрашан за тоа кои се пратениците што го поддржуваат мнозинството во Парламентот.

-Дозволете ми малку да ве корегирам, јас таму не реков дека имаме 80 пратеника, туку реков дека можеби имаме и повеќе од 80 пратеника. Можеби имаме. Само кога ќе имаме потреба од 80 пратеника можеби и имаме 80 и повеќе од 80 пратеника, изјави Мицкоски.

Запрашан на што ја темели таа информација, Мицкоски рече дека ја темели врз основа на информациите со кои располага, неоткривајќи други детали.

-Доволно е сега во овој момент. Да оставиме кога ќе има потреба од 80 гласа во Парламентот да може тоа и да се покаже во пракса, рече премиерот Мицкоски.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

Премиерот вчера во интервју за Косовската телевизија кажа дека владејачкото мнозинство можеби има и повеќе од 80 пратеници во Собранието.

- Реклама -