Природни методи за пријатен здив

За да имате свеж и пријатен здив секако неопходно е редовно одржување на оралната хигиена. Користењето на разни средства и гуми за џвакање редовно го освежуваат здивот. Но, ние во оваа статија ќе кажеме неколку збора за тоа како на природен начин да дојдете до пријатен здив.

Целер, јаболка, морков…

Овие намирници имаат голема моќ да ја прочистат устата и да ве ослободат од непријатниот здив. Секако овие продукти се многу моќни, па освен што влијаат здраво на вашето тело се смета и дека ги уништуваат патогените бактерии во устата.

Црн и зелен чај

Богати се со полифеноли и се одлични извори на антиоксиданси кои пак се вистински благодет за телото и за дезинфекција на устата. Имаат одлична прочистувачка моќ, така што речиси секогаш ефикасно ве ослободуваат од непријатниот здив.

Витамин Ц

Овој витамин е одличен за целото тело па и за устата, ги штити непцата а со тоа ја намалува ризичноста од размножување на патогени бакрерии.

Рецепт со цимет

Една кафена лажица цимет измешајте во една мала чаша млака вода и потоа исперете ја устата. Освен што ќе имате одличен здив, ќе ги уништите и мноштвото од патогени бактерии кои се населиле во устата.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -