Метеорски дожд во Русија, 400 повредени (видео)

Метеорски дожд предизвика експлозии над Урал. Во некои области прозорите на куќите се распрснале, а повеќе од 400 луѓе се повредени во три руски градови.

Очевидците велат дека на небото имало серија експлозии од кои куќите се треселе, а прозорците пукале. Наводно и мобилната комуникација е во прекин. Рускиот министер за внатрешни работи соопштил дека 400 луѓе се повредени.

[youtube]http://youtu.be/0UyI14L79T0[/youtube]

 

„Огнените топки“ можеле да се видат на небото над Чељабинск, Тјумен и Свердловск, но и над северен Казахстан.Еден метероит паднал во Чељабинск, потврдило Министерството за вонредни ситуации за новинската агенција Интерфакс.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Вадим Колесњиков потврдил дека се срушил покрив на една фабрика за цинк со површина од 600 метри квадратни. Очевидци на настанот рекле дека експлозијата била многу гласна.

Прочитајте и:  Еден загинат и двајца исчезнати по експлозии во магацини за пиротехнички материјал близу Софија

 

[youtube]http://youtu.be/xfA2hcf7k7c[/youtube]

- Реклама -