Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси е задоволен од неговиот премин во ПСЖ, клуб за којшто смета дека може да ги исполни неговите цели.
„Со нетрпение очекувам да започнам ново поглавје во кариерата во Париз. Клубот и неговата визија се целосно во согласност со моите амбиции. Знам колку се талентирани играчите и персоналот овде. Решен сум да изградам нешто добро со нив за клубот и навивачите. Едвај чекам да стапнам на теренот „Паркот на принцевите“, изјави Меси за официјалната веб-страница на Пари Сен-Жермен.
Францускиот клуб му обезбеди на Меси плата од околу 35 милиони евра по сезона. Триесет и четиригодишниот фудбалер потпиша двегодишен договор со опција за продолжување на договорот за уште една сезона.