Лео Меси ги отфрла написите на некои медиуми дека покажал непочитување кон тренерот Тата Мартино во моментите кога го напуштал теренот на средбата со Реал Сосиедад.
На десетина минути пред крајот на вчерашниот натпревар на Камп Ноу против Реал Сосиедад, Лео Меси беше заменет со Серхи Роберто.
При излегувањето од теренот, Аргентинецот само помина покрај Тата Мартино и седна на клупата.
Некои медиуми веднаш започнаа да пишуваат дека напаѓачот покажал непочитување кон тренерот.
Се говореше дека Мартино го повикнал Меси да му честите за добрата игра, но играчот не застанал да се поздрави и бил вознемиран што морал да се пресели на клупата.
Лео Меси веднаш се огласи по ваквите написи, и преку својот Фејсбук демантираше дека направил било каков гест кон Тата Мартино.
„Ниту во еден момент не направив гест кон Мартино кога бев заменет” – напиша Аргентинецот.
„Никој не сака да биде заменет, но мораме да ги прифатиме одлуките на тренерот бидејќи тоа е најдобро за тимот”.
„Но нема да го прифатам фактот што некој медиуми кажуваат лаги за некоја ситуација што се случила околу мене”.
Тито Виланова, кога беше асистент на Пеп Гвардиола, јавно призна дкеа Лео Меси сака секогаш да игра 90 минути и станува гневен доколку биде заменет.
Тата Мартино по превземањето на кормилото на Барса најави дека планира да ги ротира клучните играчи повеќе во споредба со претходните тренери на Барса.
По вчерашната побада над Сосиедад, тој рече: „Меси никогаш не сака да биде заменет, но моја задача е да се грижам за него”.
„Ќе ни биде потребен на крајот од сезоната, како што ни е потребен и сега”.
Текстот е објавен во соработка со 24fudbal.com.mk