Победата над Холандија и пласманот во финалето на СП 2014, Лео Меси му ја посвети на неговиот пријател, починатиот новинар Хорхе ’Топо’ Лопез.На неколку часови пред почетокот на пресметката помеѓу ’Гаучосите’ и ’Лалињата’, од Бразил пристигна информација дека во сообраќајна несреќа во Сао Пауло починал аргентинскиот новинар Хорхе Лопез.
По вчерашниот триумф на Аргентина во пенал серијата, Лео Меси на Фејсбук остави порака со која му го посвети пласманот во финалето на неговиот пријател Хорхе Лопез.
„Бев на допинг контрола” – напиша Меси. „И не можам да бидам со моите соиграчи во соблекувалната да уживам во успехот. Горд сум што сум дел од оваа група!”
„Сите се феноменални! Тимот успеа! Какво лудуло! Во финале сме! Ајде да уживаме. Ни останува само уште еден чекор”.
„Огромна прегретка за сите фанови на Аргентина, и специјален спомен за Хорхе ’Топо’ Лопез”.
„Оваа победа е особено за тебе мој пријателе”.
Текстот е обајевн во соработка со 24fudbal.com.mk