Home Технологија Месечината може да ги задоволи енергетските потреби на земјата за 10 илјади години

Месечината може да ги задоволи енергетските потреби на земјата за 10 илјади години

0

Обработувањето на резерви на Месечината со цел задоволување на енергетските потреби на земјата може да изгледа како сценарио за научнофантастичен филм, но Кина има намера да прави токму тоа.

Хелиум 3 е исклучително важен изотоп кој може да биде употребен за производство на енергија. Тој се наоѓа на Месечината во толку големи количини кои според некои научници, можат да ги покријат потребите на земјата од енергија за 10 000 години. Хелиум 3 е лесен изотоп на хелиумот, без радиоактивност, со два протони и еден неутрони во јадрото. Тој е акумулиран по површината на Месечината од сончевите ветрови.

Според проценките два товарни вселенски бродови, полни со овој материјал – околу 40 тони – би можеле да ги задоволат сегашните потреби на САД за електрична енергија.

Засега Кина е единствената држава која покажа интерес за преработување на овој материјал на Месечината, но земјата се уште нема конкретни планови како да ја оствари оваа идеја.

Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here