Меркел со порака од Тирана: Северна Македонија и Албанија ги исполнија условите за преговори за членство

Германската канцеларка Ангела Меркел, на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама, рече дека Албанија и Северна Македонија ги исполниле условите за членство во Европската Унија.

„И Албанија и Северна Македонија ги исполнија поставените услови за да започнат преговори за членство. За жал, тоа не беше постигнато поради бугарското вето, но ние ветивме дека ќе бидеме блиску до овој процес, бидејќи е вложена многу сила и енергија во него“, рече Меркел.

МИА

Прочитајте и:  Македонија и ЕУ потпишаа Договор за партнерство за безбедност и одбрана
- Реклама -