Mercedes размислува за еко-бренд?

popup_176_Mercedes-1000-1

Mercedes-Benz работи на проект за создавање на нов еко-бренд во своето портфолио, кој ќе биде директен конкурент на BMW i поделбата.

popup_388_Mercedes-1000-2

Челници на компанијата не негирале запрашани за ова, но ниту потврдиле дека би можело да дојде до реализација на нешто вакво во најскоро време. Медиумите веќе подолго време шпекулираат дека во Штутгарт се размислува за слична идеја, но пред таа да стигне до реална реализација, многумина сметаат дека фирмата треба да има поголема палета на хибриди и електромобили, а воедно и да се подготват клиентите.

popup_994_Mercedes-1000-3

Овие шпекулации не се ни најмалку без основа, со оглед на тоа што до крајот на годината на пазарот ќе се појават три целосно електрични возила – следната генерација B-класа Electric Drive и два EV Smart. Изгледа Германците навистина посакуваат пред се да го зголемат своето присуство на „зелениот“ пазар со нови хибриди и електрични модели и дури тогаш ќе одлучат дали посебна марка би имала смисла.

Автоплус

- Реклама -