Доста необично место избрале одговорните лица од Mercedes-Benz за тестот на седан A-Class, кој се очекува да биде прикажан пред публика на салонот во Детроит, во јануари.
Фотографите на изданието The Truth About Cars успеаја да ги „фатат“ возилата на тестовите во една од најсеверните точки на Европа, во градот Грендавик, на Исланд.
Според изданието седанот ќе располага со исто меѓуоскино растојание како хечбек варијантата, која веќе официјално е на пазарот. Новата модификација сепак е со 30 cm подолга и достигнува 4,6 метри. Во референтната своја верзија возилото ќе се нуди со преден погон, но со доплата клиентот ќе добие и систем со погон на сите четири тркала.
Во палетата мотори, како што се очекува, ќе бидат вклучени три бензински, со моќност помеѓу 120 и 211 КС, како и два дизелски, со 108 и 170 КС. Во подоцнежна фаза ќе се појави и модификација од AMG. Таа ќе има 2,0 литарски бензински мотор со моќност од 335 КС, систем за погон на сите тркала и 7 степен роботизиран менувач со двојна кохезија.
Објавено во соработка со Авто Плус.