Игор Купец е графички дизајнер од Кошице. Додека студирал, страдал од генерализирано анксиозно растројство (ГАР) и од панични напади. Тоа бил тежок период од неговиот живот, но и период во кој многу научил, како што вели самиот.
Неколку години подоцна почнал да размислува околу менталните нарушувања од перспектива на графички дизајнер. Неговата лична мисија била да ја долови суштината на нарушувањата преку типографија, која се бави со избор и организација на облиците на буквите, како и со другите нивни графички карактеристики.
Разгледајте ги сликиве до крај, и ќе се сложите дека успеал.
Fun fact: „Можев да визуелизирам многу од нарушувањата, сите освен тоа со кое јас се борев“, признава Купец.