Мени за убава и здрава кожа

Повеќе...

Млечните производи, лососот, зрнестото овошје и зелениот чај се некои од намирниците кои би требало редовно да се наоѓаат на нашето мени ако сакаме кожата да ни изгледа убаво и негувано. 

Млечните производи, лососот, зрнестото овошје и зелениот чај се некои од намирниците кои би требало редовно да се наоѓаат на нашето мени ако сакаме кожата да ни изгледа убаво и негувано. 
Јогурт. Обезмастениот јогур има намалено количество на масти, но исто количество на витамин А кој прави чуда за нашата кожа. Јогуртот е најдобро решение бидејќи е добар за варење на храната, а посебно им се препоралува на оние кои имаат проблем со штитната жлезда. 

berries.gif

Зрнесто овошје. Боровинките, брусниците, рибизлите, јагодите и останатите слични овошја се полни со антиоксиданти кои се заслужни за убавата и здрава кожа. Во менито додајте ги и шипинките кои изобилуваат со витамин С. 
Лосос. На кожата и се потребни есенцијални масни киселини кои најмногу ги има во рибата. Ако пак не ви се допаѓа тоа, тогаш заменете ја рибата со ореви, бадеми или семе од лен или сончоглед. 
Манго. Богато е со витамин А кој ги обновува ќелиите на кожата. Добра вест е што еден плод има 70 калории, па е идеален избор за оние кои сакаат да изгубат некој килограм. 
 
nuts.jpg
Бадеми. Витаминот Е, кој освен есенцијалните масни киселини, го содржат бадемите помага при влажнењето на кожата одвнатре. Така ја штити од оштетување и предвремено стареење, заради што се наоѓа и во антихидратантните креми. 
Авокадо. Иако ова тропско овошје не е многу популарно бројни се неговите благодети. Богато е со В комплекс, есенцијални масла и има антивоспалителни својства. Помага и при иритација на кожата па го смалува црвенилото и јадежот.
Зелен чај. Предностите на зелениот чај се многубројни, а заради присуството на полифенол кој има антивоспалително дејство посебно е корисен за здравјето на кожата. Освен тоа помага и во борбата против некои врсти на тумор. Содржи витамини С, D и К, но и рибофлавин, цинк, калциум, магнезиум и железо.
- Реклама -