Менхетен диета: Останете витки без одрекување

Јадете го она што го сакате, немојте на бидете гладни и отфрлете го од себе, сетоа она што во насловот содржи -Диета! Вака живеат современите жени на Менхетен, а за тоа пишуба Ејлен Даспин во својата книга „The Manhattan Diet”. Нејзините совети од книгата ги прифатија многу кои не сакаат да се одречат од храната, а желни се да бидат витки.

  • Јадете го она што го сакате
  • Јадете само кога сте гладни
  • Вашите оброци нека бидат мали, немојте да се прејадувате
  • Не допуштајте да огладнете, бидејќи во спротивно ќе се прејадете. Јадете често, но помалку. Носете со себе здрава храна, како овошје.
  • Јадете она што го бара телото од вас.
  • Држете се до едноставна храна.
  • Лебот не ви е непријател, но пожелно е да биде оној со крупни житарици.
  • Немојте да заобиколувате овошје и зеленчук. Жените во Менхетен уживаат во вкусни салати.
  • Вежбањето е задолжително. Тоа е стил на живот. Најдобро е трчање или брзо одење.
  • Вашата исхрана нека биде врамнотежена. Не морате секој ден да јадете само риба и салати. Јадете разновидна храна, понекогаш допуштете си нешто слтако.
  • Претерувањето со алкохол не се препорачува, но чаша вино за ручек или вечера и тоа како е добредојдена.
  • Не купувајте големи пакувања производи и не купувајте многу парчиња. Имајте дома помалку, затоа што подобро е да одите да купувате, отколку да чувате вишок.
  • Органските производи се здрави и квалитетни.
  • Не е нужно секогаш да изедете се што има во чинијата. Штом почувствувате дека сте сити, престанете.
Прочитајте и:  Како да се изгубат 5-10 килограми до Божиќ?
- Реклама -