Менаџерката на Тоше прозборе за болката 8 години по неговата смрт

Денеска се навршуваат осум години од смртта на трагично починатиот пејач Тоше Проески.

x7l3w3l0

По тој повод за хрватскиот медиум „Јутарњи“, прозборе неговата менаџерка Љиљана Петровиќ, која со години не разговараше пред медиумските претставници на оваа тема.

Таа изјави дека времето не успева да и ги излечи раните.

„ Не поминува ни ден, а јас да не помислам на него. Времето не успева да ми ги излечи раните“, рече Петровиќ.

Таа додаде дека утеха и пружаат внуците на Тоше, Кристијан и Никола кои се синови на постарата сестра на Проески.

„ Кристијан многу ме потсетува на Тоше. Тој пее и свири“, вели Љиљана.

Менаџерката сосема се повлече од кариерата по смртта на Тоше кој на денешен ден и во раните утрински часови трагично го загуби животот кај Нова Градишка.

- Реклама -