Фелипе Мело одбрани пенал и ја спаси Галатасарај (видео)

Галатасарај славеше со 0:1 на гостувањето против Елазиг со голот на Куртулус во 50. минута, но овој меч ќе остане запаметен по извонредната одбрана на Фелипе Мело, кој што покажа дека кога неговиот тим ќе се најде во небрано, тој може добро да се снајде и како голман.

Имено, во самиот финиш беше досуден пенал за Елазиг, при што судијата му покажа црвен картон на гостинскиот голман Муслера. Бидејќи тренерот Терим веќе ги имаше извршено трите замени, голман мораше да биде некој од играчите на теренот, а Фелипе Мело реши да ја преземе одговорноста врз себе.

Бразилскиот играч за врска, кој што пристигна од редовите на Јувентус, ги крена гостинските навивачи на нозе откако успеа да го одбрани пеналот на домашниот фудбалер, со што се погрижи актуелниот турски шампион да прокнижи нови три бода.

Прочитајте и:  Советник на Ердоган тврди дека Израел ќе ја нападне Турција
- Реклама -