Меланија Трамп објавува мемоари | NetPress


Поранешната прва дама на САД, Словенката Меланија Трамп оваа есен ги објавува мемоарите едноставно насловени како „Меланија“, кои нејзиниот кабинет го опишува како „моќна и инспиративна приказна за жена која самата си го трасираше патот, ги надмина сите неволји и ја дефинираше личната извонредност“, објавија американските медиуми.

Ова се првите мемоари на Меланија Трамп, која во голема мера е отсутна од јавноста додека нејзиниот сопруг Доналд Трамп бара враќање во Белата куќа.

Мемоарите „Меланија“ ќе ги објави издавачката куќа „Skyhorse Publishing“, која веќе ги објави мемоарите на поранешниот градоначалник Рудолф Џулијани, голем поддржувач на Трамп и адвокатот Алан Дершовиц.

„Skyhorse Publishing“ работеше и со независниот претседателски кандидат Роберт Кенеди Џуниор и со поранешниот советник на Трамп., Мајкл Коен, кој на крајот стана еден од неговите најжестоки критичари.

Кабинетот на Меланија Трамп не прецизираше точен датум на објавување на мемоарите и не соопшти дали книгата ќе излезе пред претседателските избори на 5-ти ноември.

Поранешната прва дама „ги поканува читателите во својот свет, нудејќи им интимен портрет на жена која живееше а и сè уште живее, еен исклучителен, необичен живот“, стои во најавата на книгата.

„Меланија“ изболува со лични приказни и семејни фотографии кои никогаш не ги споделила со јавноста.

Меланија Трамп, третата сопруга на Доналд Трамп, е загадочна личност за американската и пошироката јавност и привлекува внимание откако нејзиниот сопруг ја започна кампањата за Белата куќа во 2016 година.

Таа отсекогаш внимателно ја чуваше својата приватност, дури и додека беше прва дама на САД, фокусирајќи се на воспитувањето на нејзиниот син Барон и промовирајќи ја иницијативата „Биди најдобар“ за „социјалното, емоционалното и физичкото здравје на децата“.

Годинава таа присуствуваше на настанот пред почетокот на претседателската кампања на нејзиниот сопруг Доналд и се појави на минатонеделната републиканска национална конвенција (RNC), но главно се држеше настрана од претседателската кампања, па спротивно на традицијата не одржа ниту говор на партиската конвенција на републиканците.

- Реклама -