Мексико започна постапка за екстрадиција на Ел Чапо во САД

Мексико започна постапка за екстрадиција на најголемиот наркобос “Ел Чапо” Гузман, со што се става почетокот на долг пат, исполнет со бројни жалби.

Од Associated Press информираа дека агентите на Интерпол му соопштиле на Гузман дека е баран во САД. Средбата била остварена во затвор со максимален степен на безбедност каде Ел Чапо се наоѓа повторно по шест месеци, откако претходно успеа да избега.  Од обвинителството на Мексико велат дека агентите му покажале на Ел Чапо две потерници. Адвокатите на Гузман имаат три дена за да обезбедат аргументи против неговата екстрадиција и 20 дена да достават нови докази покрај сите останати жалби, кои веќе се во процес. Адвокатот на Гузман, Хуан Пабло Бадијо најави дека неговата одбрана веќе поднела шест документи со кои се жалат молбите за екстрадиција.

141110-joaquin-el-chapo-guzman-940a_fff662d6162e1bf6e2dd9ec3569c5016.nbcnews-fp-1200-800

Мексиканските власти објавија дека имаат желба да го екстрадираат Гузман, но процесот може да се завлече. Според мексиканското обвинителство од САД поднеле барање за екстрадиција на 25 јуни, кога Гузман се уште беше во затвор и потоа уште едно барање на 3 септември, откако тој избега. Сега, откако тој повторно е фатен, Мексико треба да покрене процес за екстрадиција од почеток, согласно со локалните закони. Во саботата висок мексикански извор изјави дека најкраткиот рок во кој Гузман може да биде екстрадиран е 6 месеци, но тоа е малку веројатно, бидејќи неговите адвокати ќе поднесат жалба. Според него жалбите обично се отфрлаат, но за секоја една од нив треба да биде закажана седница на судот.

“Тоа може да трае со недели или месеци и така да се успори екстрадицијата. Имавме случаи кај кои беа потребни 6 години”, додава изворот.

Желбата на Мексико да го екстрадира Гузман претставува нагла промена на позицијата на земјата во споредба со претходниот пат кога беше фатен во 2014 година. Тогаш главниот обвинител Хесус Муријо изјави дека тоа може да се случи дури откако Ел Чапо ќе ја отслужи казната од ” 300 или 400 години” во мексикански затвор.

Бегството на легендарниот наркобос во јули 2015 година, сепак ја стави во непријатна позиција владата на претседателот Енрике Пена Нието. Гузман беше притворен повторно во петокот по престрелка во која пет лица загинаа, а шестмина други беа уапсени. Според мексиканските власти американскиот актер Шон Пен, кој има направено интервју со Гузман минатата година ги одвел до наркобосот.

Прочитај повеќе: Ел Чапо се сопна на Шон Пен

- Реклама -