Поминаа 7 години откако го напушти неговиот дом во Њу Орлеанс и ја започна екскурзијата низ големите европски клубови и македонската репрезентација.
Од денес Бо ќе биде дел од најелитното кошаркарско натпреварување и тоа ни помалку , ни повеќе, ќе ги брани боите на неговиот роден град.
„Пресреќен сум што ја добив оваа шанса, ќе се потрудам да играм на највисоко ниво. Свесен сум дека ме чека огромен предизвик, ќе морам да се докажувам и да ја подобрувам својата игра од натпревар во натпревар. Во Европа се игра квалитетна кошарка, но НБА е врвот. Ветувам дека ќе го дадам својот максимум“ изјави Бо Мекејлеб.