Mehrzeller е мобилен дом за сите туристи кои сакаат да се постојано во движење, но не можат да живеат без нивните луксузни удобности. Дизајниран од астралиското дизајнерско студио Nonstandards, овој караван може да биде целосно персонализаран – според барањата стилот и изборот на клиентите. Тоа се прави со помош на дигитален сопствен софтвер.
Надворешниот изглед е необичен и футуристички. Тој целосно одговора на името на приколката: Mehrzeller, што значи „нешто со многу клетки”.
Арапските шеици полуделе по караванот, кој вреди 3 милиони долари. Внатрешноста се карактеризира со бели мебел со многу агли.
Секој караван е опремен со модерна кујна, бања и катче за спиење со телевизор со рамен екран.