Меѓу починатите и 22-годишно момче со Даунов синдром

Како што соопшти Министерството за здравство, во последните 24 часа се починати шест лица од Ковид-19 во земјава. Најмладиот меѓу нив е 22-годишно момче од Скопје.

Како што известуваат од Министерството, починатиот 22-годишен пациент е лице со Даунов синдром. Тој бил примен во Градската општа болница „8 Септември“ на 16 јули, во тешка општа состојба.

Покрај него, починаа уште двајца пациенти од Скопје, на 64 и 83-годишна возраст, пациент од Куманово (72г.), пациент од Струга (48г.) и пациент од Охрид (75г.). Еден од нив е починат во вонболнички услови.

 

- Реклама -