Медведев: Ќе одиме и до границата на Полска ако треба

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев ветува дека неговата држава ќе биде победничка во офанзивата на Украина и е подготвена да се бори до полската граница за да се спротивстави на „заканите“.

„Победата ќе биде постигната“, објави Медведев на Телеграм.

„Затоа е толку важно да се постигнат сите цели на специјалната воена операција. Да се потиснат границите на заканите против нашата земја што е можно подалеку, па дури и ако треба до границите на Полска“.

МИА

Прочитајте и:  НАТО и Киев закажаа состанок: Руското експериментално оружје нема да има ефект во конфликтот, ниту ќе ги одврати сојузниците од поддршката за Украина
- Реклама -