Медоу Вокер го тужи „Порше“ поради смртта на нејзиниот татко Пол Вокер

Пол Вокер трагично загина на 30 ноември 2013 година на 40-годишна возраст во близина на Санта Кларита, Калифорнија, а во моментот на смртта бил сопатник во автомобилот на својот пријател, Роџер Родас.

Денес неговата ќерка, Медоу,  ја тужи компанијата „Порше“ тврдејќи дека нејзиниот татко изгорел жив поради неисправноста на автомобилот „Порше Карера ГТ. Во тужбата се тврди дека огнот не еруптирал за 1 минута и 20 секунди по ударот, но Пол бил беспомошно заробен. Кога избувнал пожарот, Пол бил сè уште бил жив.

13-09-2015-1442177145paul1.jpg

Тие тврдат дека безбедносниот појас го повлекол торзото на Пол наназад, со што му ги затегнал ребрата и карлицата и буквално го заробил во седиштето, недозволувајќи му да се помрдне. Според нив тоа е главната причина за смртта на славниот актер.

Според полицискиот извештај „Поршето“ кој го управувал Роџер Ројалс, пријателот на Пол Вокер, удрило со голема брзина во светлечки столб.

Во тужвата се наведува: Порше Карера ГТ е опасен автомобил, на кој не му е место на автопат и и денес не би требало да бидеме без Пол и Роџер.

 

- Реклама -