Медицинска сестра која работела во болница и чии што пациенти биле оние кои што се соочувале со неизлечиви болести, ги открива нештата за кои што пациентите најмногу жалат.Некои луѓе не растат, а некои растат во оној момент кога се соочуваат со својата смрт. Никогаш не сме потцениле нечиј капацитет за промена. Таа промена може да биде феноменална. Пациентите на смрт можат да искусат различни емоции: одрекување, лутина, каење, прифаќање. Секој пациент, според зборовите на медицинската сестра која што работела со нив, пронашол мир пред да почине.
Кога пациентите добиваат прашања кои се однесуваат на оние нешта за кои што најмногу жалат, како и дали нешто во животот би направиле поинаку, вообичаените теми се повторуваат во поголем број случаи. За ова најмногу жалат тие:
1. Би сакале да имаме храброст да живееме вистински онака како што сакаме, а не животот кој што другите го очекувале од нас.
За ова најмногу жалат луѓето. Кога ти сфаќаат дека им се ближи крајот, лесно е да видат колку соништа останаленеисполнети. Голем број од луѓето не исполниле ни половина од своите соништа, па починале знаејќи дека е тоа поради изборот кој што го направиле, или не го направиле.
2. Би сакале да не работиме толку многу.
На ова се жалеле сите машки пациенти. Им недостасувал периодот кога нивните деца биле мали и заедништвото со нивните партнерки. Сите мажи се жалеле на тоа колку време потрошиле на работа.
3. Би сакале да имаме храброст да ги изразиме нашите чувства.
Многу ги потиснувале своите емоции за да одржат мир со останатите. Како резултат на тоа, никогаш не успеале да ги искористат своите способности и да станат подобри од она што биле. Кај многу се појавила болест, како резултат на горчината и бесот кој што тлеел во нив.
4. Би сакале да останевме во контакт со нашите пријатели.
Многу не ја сфаќале вистинската вредност на своите стари пријателства се до последната седмица од својот живот. Кај нив се јавувало каење поради тоа што не вложиле доволно време и напор за пријателствата кои што го заслужуваат тоа. На сите им недостасува пријател кога умираат.
5. Би сакале да сме си дозволиле да бидеме среќни во животот.
Ова е уште една работа за која што луѓето жалат. Многумина не сфатиле дека среќата е избор. Живееле по своите правила и стари навики. Таканаречената утеха на познавања на нештата умеела да ги преплави нивните емоции, па се појавил стравот од промени. Меѓутоа длабоко во себе, чезнееле за насмевка и нешто „лудо“ во нивниот живот.