Оваа мудра (Аакааш мудра) е позната и како Јупитерова мудра или Мудра на Универзумот, бидејќи се однесува на универзумот во вас и околу вас…
Се изведува така што се допираат врвовите на палецот и средниот прст, а помага негативните емоции како страв, тага и анксиозност да се заменат со позитивни емоции и мисли. Таа стимулира позитивно размислување и им помага на луѓето кои што ја практикуваат да се ослободат од заморот. Со неа одлично одговара афирмација на опуштање.
Прочитај повеќе: Ксепана мудра за подобар проток на енергија
Аакааш мудрата помага во детоксикација на телото и го елиминира вишокот од течности, го потпомага чувството на леснотија и ве ослободува од главоболка, болки во градите и го намалува крвниот притисок.
Можете да издвоите 30 до 45 минути дневно или по неколку пати во текот на денот, во траење од 10 до 15 минути. Најдобри резултати ќе постигнете доколку ја практикувате помеѓу 2 и 6 часот наутро и навечер.