Меџити потврди дека има несогласувања во ДУИ, но ќе ја гласа владата

За разлика од лидерот на ДУИ – Али Ахмети, кој вчера изјави дека „дебатите“ во рамките на партијата се само дел од внатрепартиската демократија, пратеникот Изет Меџити потврди дека имало и има несогласувања со предлозите за поделба на ресорите.

И покрај тоа, Меџити потврди дека нема да има промени во избраните кандидати за позициите и дека ќе ја гласа новата Влада, но откако претходно ќе ги изнесе своите забелешки, пренесува „Алсат“.

Со тоа, Меџити ги потврди информациите во медиумите објавени вчера, дека на средбата меѓу него и лидерот на партијата Ахмети бил постигнат договор сите пратеници на ДУИ да гласаат за новата Влада.

Меџити очекува предлогот за новата Влада да биде доставен до Собранието во текот на оваа недела.

Прочитајте и:  Мицкоски за барањето на Ахмети: Косово да интервенира кај уставните судии кои ДУИ и СДСМ ги избраа? Шокантно

Според Заев, истиот најверојатно ќе биде поднесен утре. Во изјава за „ТВ21“, тој рече дека очекува денешната седница – на која ќе се утврдува бројот на потпретседатели на парламентот и ќе се верифицираат мандатите на пратениците кои влегуваат на местата на оние пратеници кои излегуваат од Парламентот поради други функции во изршната власт – да трае до доцна вечер, бидејќи се работи за вкупно 9 одлуки.

 

- Реклама -