Меџити: Милион за член на семејство на загинат бранител само ако и семејствата на загинатите од ОНА добијат толку

ДУИ ќе поддржи измени на Законот за бранители на иницијатива на претседателот на „Достоинство“ – Стојанче Ангелов, само ако и семејствата на загинатите припадници на ОНА добијат еднаква сума.

Според она што го предлага Ангелов, секој член на семејство на загинат бранител треба да добие еднократно обесштетување од 1 милион денари. Поранешниот градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити од ДУИ, во изјава за „Слободен печат“ бара исто толку и за семејствата на припадниците на ОНА.

„Може да го поддржиме предлогот ако освен семејствата на загинатите бранители пари добијат и семејствата на загинатите од ОНА. Нека се обиде Ангелов да излобира обештетување и за семејствата на загинатите бранители и за загинатите припадници на ОНА, па ќе добие поддршка за предлогот“, вели Меџити во изјавата, сугерирајќи дека тоа ќе биде ставот и на ДУИ, ако Ангелов го поднесе предлогот во сегашната форма.

Прочитајте и:  МО: Оштетена спомен плочата на загинатите бранители кај „Карпалак“, случајот пријавен во МВР

Како што потсетува „Слободен печат“, пред 10 години токму ДУИ со илјадници амандмани и со поезија од Ацо Шопов читана од Талат Џафери – сега претседател на Собранието а тогаш пратеник на „интегративците“, го блокираше Законот за бранителите. Нема да биде изненадување ако и овој обид доживее слична судбина, оценува порталот. Повеќе ТУКА.

- Реклама -