Мбапе го победи Хакими, па славеше во дресот на Мароканецот!

Француската ѕвезда Килијан Мбапе го победи својот пријател од ПСЖ, Ашраф Хакими, иако не му даде гол, но срдечната и другарска прегратка после победата на „триколорите“ со 2-0 против Мароко беше очекувана, а Французинот потоа направи потек што ќе се прераскажува.

Откако ги разменија дресовите после мечот, Мбапе го облече тој на Хакими со бројката напред и славеше со него, само колку алузија на тоа дека Мароко е исто така победник од ова полуфинале, зашто северноафрканската земја испиша историја во Катар како прва селекција од „црниот континент“ која стигна меѓу најдобрите четири.

Мароко за бронза ќе се бори против сребрените од Русија, Хрватска, а Франција против Аргентина ќе ја брани титулата во епски дуел на Мбапе со друг свој соиграч Лионел Меси.

- Реклама -