Мажите не ги интересира кариера кога ќе наполнат 30

Интересот на жените кон читањето книги, го  достигнува својот врв на 22 години, а мажите се заинтересирани најмногу за читање во 50-тите. Претставниците на посилниот пол почнуваат да го губат интересот за кариера  по 30-годишна возраст, а кај жените тоа се случува дури  осум години подоцна. И двата пола се заинтересирани најмногу за мода на 16-годишна возраст.

Ваквото истражување е спроведено врз база на анонимни податоци на  илјадници корисници на Фејсбук, според нивните статуси, како и копчињата  „ми се допаѓа” и „интереси”, објавени на профилите. 

Според податоците на Фејсбук, мажите гледаат најмногу филмови во кино на 31 година, додека жените излегуваат најчесто пред големите платна,  едвај на 19-годишна возраст. Во однос на патувањата, пак, мажите се заинтересирани најмногу на  29, а жените – на 27. Дамите зборуваат најмногу за храна и пијалоци на 35, а мажите – 38, утврдила уште анкетата.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

Британскиот научник Стивен Уолфрам кој ја направил студијата, создал и пребарувач, користен од Епл и Мајкрософт. „Шокантно е колку нешта може да научиш од социјалните мрежи за развојот на типичните интереси на луѓето. Тие зборуваат помалку за видео игри со староста, а се  повеќе за политика. Вообичаено мажите зборуваат повеќе за спорт и технологија од жените и малку изненадувачки, тие зборуваат повеќе и за филмови, телевизија и музика “, вели Уолфрам.

 Интересот на мажите и жените за политиката, сепак го  достигнува својот врв на 60 години, покажува истражувањето.

- Реклама -