Мажите глумат и надвор од креветот

Животот е театарска сцена, а сите ние сме актери. Почудно од тоа што некои мажи глумат во кревет, е дека мажите глумат и во однос на спортот!

Фудбалот и кошарката звучат како омилена тема на мажите, но дури 9 од 10 од нив признаваат дека лажат во однос на тоа колку ги сакаат спортовите, само за да ги импресионираат пријателите и шефот.

Барем така покажува новата анкета спроведена во Британија, а како главна причина за ваквата појава се наведува тоа што мажите веруваат дека интересот кон „машки работи“ е добар начин да напредуваат на работното место. Мажите рекле дека ги преувеличуваат своите познавања од спортот за да го импресионираат шефот, за да се вклопат со колегите и за да ја избегнат непријатната тишина во друштво.

baseball-season

Само 9 проценти тврделе дека никогаш не го преувеличиле ентузијазмот кон спортот.

Повеќе од половина од испитаниците рекле дека се преправаат дека сакаат Формула 1 – потајно ја мразат вревата од моќните мотори и често се збунети за тоа кој е во водство на трката.

И покрај големата заинтересираност за неодамнешните спортски случувања, 46 проценти од мажите признале дека глумеле дека уживале.

Од друга страна, тенисот има најверни фанови. Само 2 проценти рекле дека лажеле дека уживаат во Вимблдон.

 

- Реклама -