Можеби тој очајно сака да ве замоли да го заврзете со лисици или да облечете униформа на секси медицинска сестра, но не се осмелува бидејќи се плаши од вашата реакција.
Проблемот кај машкиот страв од споделување на неговите сексуални желби е во тоа што тој не знае што би можело да се случи со сексот во иднина, ако партнерката го осуди дека е наклонет кон сексуална девијација. Најдобро би било да го прашате дали има некакви сексуални фантазии. Кога ќе ви каже, немојте да го исмејувате, туку дајте си шанса и себеси, а и нему за малку експериментирање.
Експериментирање со локации
Ова не се однесува на спалната соба или на станот, тој би сакал да се обиде и на некои други локации. Можеби некаде во отворено, на јавно место, во мрачна уличка, во автомобил… Тоа е малку ризично и го крева адреналинот, а возбудата плус сигурно ќе ви дојде добро.
Сака да види повеќе
Можеби ова ќе ви звучи тривијално, но мажите сакаат да видат и различна фризура „таму доле“. Мажите се визуелни суштества, па наместо секогаш да практикувате бразилска депилација, некогаш оставете една линија, или експериментирајте со некоја фигура. Може да помогне и нова долна облека или високи потпетици, а и стриптизот не е лоша идеја.
Сака повеќе шареноликост
Испратете му заводлива и секси порака додека е на работа. Или можеби разголена фотографија со порака „ова те чека кога ќе дојдеш дома“. Можете да го изненадите и со некоја нова поза, и онака мисионерската може секогаш да ја практикувате ако ништо друго не функционира.
Посакува секси игри
Предизвикајте го, нека избере дали сака сака секси келнерка додека гледа фудбалски натпревар или масажа по целото тело, но под улов и тој вам нешто да ви понуди за возврат. Можете да предложите и покер во соблекување, тоа секако ќе го привлече неговото внимание.