Се почнува кога ќе се родат, прво нивните мајки ги дојат и на тој начин мажите нераскинливо ги засакуваат женските гради. Лери Јанг и Брајан Александар, автори на книгата „Хемија меѓу половите: Љубов, секс и научна привлечност“ веруваат дека „чувствата“ на мажите кон женското деколте, всушност, формираат нераскинлива љубов со партнерката.
Истражувањето на вечната тема „Зошто мажите се фасцинирани од женските гради“ укажува дека причината е мошне едноставна – хормонот окситоцин кој се ослободува во текот на доењето и кој помага да се зацврсти врската помеѓу бебето и мајката, подоцна создава еволутивна врска и со градите кај другите жени.
– Мажите се цицачи од машки род кои се фасцинирани од градите и во сексуален контекст, а жените се цицачи на кои им растат гради во текот на пубертетот. Луѓето се единствен вид цицачи кои во текот на предиграта и сексот ги допираат градите – вели Лери Јанг, експерт во областа на неурологијата.
Исто така, и жените се свесни колку нивните гради ги возбудуваат мажите. Тие уживаат во тоа, а Рој Левин, од универзитетот во Шефилд, вели дека 82 отсто од жените имаат поквалитетен секс ако непосредно пред односот партнерот им ги допира брадавиците.
– Окситоцинот заедно со допаминот им помагаат на мајките подобро да ги почувствуваат своите деца, со што доењето преминува во пријатна активност. Оваа врска е исклучиво хормонска, но и најубава и најтрајна од сите во животот – смета Јанг, објаснувајќи дека слична врска подоцна се формира со жените, во текот на сексот „лице во лице“ и така настанува цврст и нераскинлив машко-женски однос. [Breasts: Men’s obsession with them ‘explained’]