Што да очекувате од мажите во 20-тите, а што во 30-тите?

Запознавањето со мажот и дружењето со него може да бидат многу забавни, но понекогаш носат и многу стрес затоа што не е едноставно човек да се снајде во модерната џунгла на машко-женски односи. Еве што може да очекувате од мажот во зависност од неговата возраст.

Дваесетти

Во 20-тите години е дозволено запознавање со многу мажи, односно дружење со нив. Но имајте на ум дека секое излегување не подразбира секс по секоја цена. Забавувајте се и играјте, но бидете добронамерни. Секако, очекувајте и скршено срце како и некои емоционални повреди кои долго ќе ве следат. Имајте на ум да не правите ништо што поради последиците ќе го паметите дури и во 30-тите години од животот.

Дваесеттите се најдобри години за потрага по љубов надвор од границите на земјата во која живеете, а тоа подразбира постојано патување и обилно користење Интернет. Каде и да одите, секогаш со себе носете четкичка и паста за заби. Подобро е да бидете подготвени во секое време, отколку подоцна да жалите. Исто така, немојте целата ваша интима и детали да ги споделувате на Фејсбук!

Триесетти

Во овој период од животот се чини дека жените немаат баш премногу време за мажи и дружење, бидејќи многу повеќе се фокусираат на кариерата и професионалното напредувате. Но ова е и периодот во кој жените полека почнуваат да размислуваат и околу потенцијален брак. Иако се зафатени со работни обврски, жените ги држат очите отворени бидејќи не сакаат да го пропуштат вистинскиот маж

Триесетите не се период за губење време со погрешни мажи, па затоа, штом ќе забележите однесување кое не е во склад со вашите потреби, активирајте го алармот и бидете многу внимателни. Исто така, 30-тите се крајно време за конечно да научите дека не може да ги промените мажите, освен ако тие самите не сакаат промена. Пред да преземете каков било посериозен чекор, секако запознајте ги неговите пријатели бидејќи може многу да дознаете од нив.

Четириесетти

Во овој период жените точно знаат што сакаат. Оние кои можеби не знаат, многу добро знаат што не сакаат. Подучени од искуството, жените во четриесеттите години од нивниот живот знаат да го користат својот инстинкт и му веруваат. Знаат дека љубовта е важна, но и дека во животот се важни и други работи, особено оние кои ги прават среќни. Тоа е зрелоста на четириесетите која на жените им носи опуштеност во живеењето.

Верувајте му на првиот впечаток. Ако пиете кафе со маж, верувајте во емоциите кои ќе ги почувствувате веднаш на почетокот на средбата. Тие се најчесто точни. Ако не можете да пронајдете маж во вашиот град, проширете го кругот на делување и посетете некои нови места. Никогаш не знаете каде ве чека среќата. Доколку мажите ги запознавате преку Интернет, имајте на ум дека многу често лажат кога кажуваат работи за себе.

- Реклама -