Мажите, жените и атрактивноста

Повеќе... Додека мажите се едногласни околу тоа што ја прави жената атрактивна, жените имаат свои идеи какви треба да бидат привлечните мажи.


man-checking-out-woman.jpgДодека мажите се едногласни околу тоа што ја прави жената атрактивна, жените имаат свои идеи какви треба да бидат привлечните мажи.

На истражувањето кое го водеше психологот Дастин Вуд од Вејк Форест Универзитетот, им беа покажани слики на 4.000 испитаници од различна возраст, кои требаше да ги оценат субјектите на фотографиите според атрактивноста на скала од 1 до 10.

Оценките на мажите за атрактивноста на жените се базираа најмногу врз физичките карактеристики и тие високо ги оценија оние жени кои изгледаат витко и заводнички. Повеќето од мажите кои учествуваа во студијата ги оцениле како поатрактивни жените кои изгледале самоуверено.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Додека мажите биле едногласни околу тоа кои жени се привлечни, студијата покажа дека жените имаат поделени мислења. Како група, жените кои ги оценувале мажите покажале поголема склоност кон витки и мускулести мажи, но оценките не биле усогласени врз основа на тоа колку на скала од еден до 10 ја оценуваат атрактивноста на истите. Некои жени ги рангирале високо мажите за кои други жени процениле дека тие воопшто не се атрактивни. [Rating Attractiveness: Consensus Among Men, Not Women, Study Finds]

- Реклама -