Мажите со бради – сексисти?

Со падот на температурите, сега е речиси идеална сезона за раскошни бради. За некои тоа е буквално најубавото време од годината.

Психолозите се трудат да им обезбедат сомнителен имиџ на брадестите мажи

На пример, колку и некои луѓе да ги обожаваат, истражувањата на психолозите покажуваат дека брадата може да е јасен знак дека некој ве лаже. Сега нова студија наоѓа уште поугнетувачка врска меѓу брадите и темпераментот на луѓето кои ги носат.

618x348

Истражување објавено во изданието Archives of Sexual Behavior, насловено “Врската помеѓу сексистичките ставови на мажите и влакната на лицето”, констатира дека мажите со многу влакна на лицето – мустаќи, брадичка, сеопфатна брада – е поверојатно да се сексисти во споредба со голобрадите претставници на посилниот пол.

Истражувањето спроведено во рамките на неколку недели оваа година од страна на австралиските психолози Џулијан Олдмедоу и Барнаби Диксон, се потпира на репрезентативен примерок од 500 мажи од САД и Индија, кои се анкетирани за стилот на влакнатост, по што им се поставувани прашања кои ги оценуваат нивните ставови за родовата еднаквост и сексизмот.

Ако дечко ви има раскошна брада

Еве како е спроведена анкетата: двајца професори укажуваат на 9 фотографии од мажи, секоја од нив е со различен стил и ги прашуваат која од фотографиите најдобро одговара на нивниот стил (“избричената” исто така е присутна како опција). Откако мажите се самоидентификуваат, Олдмедоу и Диксон ги проценуваат со тоа што ги прашуваат дали се согласуваат со различните “позитивни” и “негативни” сексистички ставови.

“Изјавите поврзани со непријателскиот сексизам, вклучуваат искази како “Жените се обидуваат да ја преземат власта со тоа што ги контролираат мажите “, појаснува Олдмедоу.

“Позитивните сексистички формулации вклучуваат “Жените треба да бидат ценети и заштитувани од мажите “и” Добрата жена треба да биде подигната на пиедестал од својот маж. “

Иако сите мажи генерално се согласуваат и со двата типа изјави, утврдена е статистички значајна корелација помеѓу големата брада и позитивните реакции на непријателските сексистички коментари кои содржат навредливи, негативни, цинични и недоверливи ставови во однос на жените.

Тоа не предизвикувало шок меѓу научниците

„Нашата хипотеза беше дека мажите со максимална влакнатост ќе имаат посексистички ставови во однос на мажите без брада, бидејќи брадата се асоцира со машкоста и доминацијата”, вели Олдмедоу. „Значи воопшто не бевме изненадени од овие резултати”.

Дали машкоста е еквивалентна на сексизам?!

Брадите традиционално се сметаат за мажествени карактеристики, па фактот дека машкоста веројатно е поврзана со непријателски сексизам, природно, звучи загрижувачка.

„Она што резултатите ни го покажуваат е дека се уште треба да се помине долг пат пред машкиот идентитет да биде одвоен од непријателските сексистички убедувања и ставови“, вели Олдмедоу. „Ако лицето е израз на машкиот идентитет, се чини дека непријателските сексистички убедувања сè уште се дел од овој машки идентитет“.

Во однос на “позитивниот сексизам”, дефиниран како добронамерност (ако се согласувате дека постои таков), истражувањето покажа дека нема разлика помеѓу брадестите и голобрадите мажи, што донекаде го зачудува Олдмедоу. „Не е јасно зошто нема разлика меѓу нив во таа насока“, вели тој.

Секако, важноста на брадата за мажите кои пуштаат таква, варира според културата

Важно е да се истакне дека испитаниците за истражувањето се мажи од САД и Индија, но Олдмедоу тврди дека ги зеле во предвид демографските варијабли како семејна состојба, сексуална ориентација, возраст и образование и во двете земји.

Фактори

Дури и несомнено да означуваат машкост сепак, тоа дека тие секогаш одат рака под рака со сексизмот, останува доста дискутабилно.

Многу мажи пуштаат брада затоа што така си се бендисуваат повеќе, им се дооаѓаат брадосани на своите партнерки или пак се помлади, а сакаат да изгледаат посериозно. Затоа истражувања од овој тип секогаш треба да бидат прифатени со скептицизам, па и со тотална несериозност.

 

- Реклама -