При едно истражување на над 2000 возрасни луѓе повеќе од половина од мажите рекле дека сакале повеќе од една личност во животот. За споредба, 45 проценти од жените изјавиле дека биле вљубени во повеќе од еден маж во животот.
Според студијата направена од Haagen Dazs Ice Cream и the School of Life, 47% од женските испитаници вистински сакале само еден, додека кај мажите 39% биле бљубени само во една партнерка.
Луси Бересфорд, од School of Life, вели: „Освежувачко е сознанието дека вистинската љубов се уште постои и дека не се темели главно врз физичката привлечност, туку врз вистински вредности, како чесност и искреност. Штета е што нашиот зафатен стил на живот често претставува пречка за спонтаноста која вистински ја одржува врската во живот“.
Резултатите од анкетата се совпаѓаат со оние од една слична студија на Siemens од пред две години, во која мнозинството од испитаниците признале дека „се помириле“ со сегашниот партнер, иако не бил нивниот прв избор.
Патем, 20% од луѓето сметаат дека врската почнува кога е изговорено првото „те сакам“.