Мажите се поемотивни од жените

МажиИако стереотипот вели дека мажите се секогаш поцврсти, постудени и ништо не може да ги повреди на емоционален план, една нова социолошка студија го тврди сосема спротивното – мажите се поемотивни од жените кога станува збор за врските.

Иако стереотипот вели дека мажите се секогаш поцврсти, постудени и ништо не може да ги повреди на емоционален план, една нова социолошка студија го тврди сосема спротивното – мажите се поемотивни од жените кога станува збор за врските.

МажиЕдна нова социолошка студија спроведена на Универзитетот Вејк Форест, тврди дека мажите страдаат повеќе на емоционален план од жените кога се во прашање врските. Иако стереотипот ги претставува мажите како цврсти, студени и самостојни, студијата вели оти нивната емоционална среќа зависи во голема мера од квалитетот на врската. Спротивно на тоа, квалитетот на врските не бил дел од прашањето за емоционалната среќа на жените. Ним им било важно само дали се во врска. Испитаничките кои биле сами, се чувствувале понесреќно од тие во врска (без разлика колку истата била успешна).

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

Објаснувањето за ваквиот наод е дека мажите речиси секогаш се потпираат на својата партнерка за емоционална поддршка и прашања од интимната сфера, додека жените имаат своите пријателки како емоционален издувен вентил.

Затоа, немојте да биде изненадени ако видите дека при раскинот на врската (или во проблематичните времиња), вашиот пријател пати многу повеќе отколку неговата партнерка. Тоа е сосема нормално.

- Реклама -