Мажите и автомобилите: Поголем и поскап автомобил – помал пенис?

Дури постои и фраза – „small penis car“. Постои ли навистина поврзаност или е само мит?

Истражувањето е спроведено на стотина мажи кои поседуваат скапи и големи автомобили. Нивната задача била да ја оценат својата „машкост“ како „голема“, „просечна“ или „мала“.

Очекувано, околу 30 проценти рекле дека нивната „гордост“ е поголема од просекот, мнозинството, 63 проценти, сметаат дека имаат полов орган со просечна големина, а само 7 проценти се самооцениле со „мала“.

Ама истражувачите не се наивни; тие не се потпреле на нивните одговори, туку истата задача им ја поставиле и на партнерките на испитаниците. Нивните одговори биле сосема поинакви:
Само 12 проценти од партнерките рекле дека нивниот партнер има натпросечно голем полов орган, 46 проценти рекле дека на партнерот му е просечен, а дури 42 проценти одговориле дека машкоста на нивниот партнер е под просекот.

За да биде поинтересно, истражувачите им го поставиле истото прашање и на оние кои возат просечни автомобили, па и во овој случај, одговорите на мажите и жените биле сосема различни.

meh.ro1379[1]

И покрај тоа што постои мал дел вистина во предрасудите дека мажите со големи автомобили надоместуваат за некои други недостатоци, портпаролот на веб-сајтот Fleked, кој го направил истражувањето, заклучува само едно – мажите се невидени лажговци кога станува збор за нивните интимни животи.

- Реклама -