„Мажи, жени и деца“ е филм за нас и начинот на кој живееме

Насловот на статијата не ви говори многу, нели? Но ајде да  обрнеме внимание на новиот филм од режисерот Џејсон Рејтман („Џуно“, „Ви благодариме што пушите“, „Високо на небото“).

Самиот филм е инспириран од интересниот монолог на научникот Карл Саган „Бледа сина дамка” од научнопопуларната серија „Космос”. Во неа Саган ги опишува Земјата и човештвото – улогата на човекот во постоењето на универзумот и животот во вселенски размери. Монологот пак од своја страна е инспириран од последната фотографија направена од единицата Voyager 1 на Земјата, на растојание 6 милијарди километри од нас. Погледнете го монологот во продолжение.

„Мажи, жени и деца” започнува токму со Voyager и неговото патување во вселената, додека го придружува говорот на Ема Томпсон, која ја опишува неговата мисија и животот на човештвото на „сината дамка”. Потоа, продолжувајќи со истиот тон, таа нè запознава со Дон (во улогата е Адам Sandler), кој се обидува да гледа порно на компјутерот на својот син, бидејќи неговиот има проблем. Дон гледа „историја“ во пребарувачот на својот син и жали што тој веќе открил што е порно преку интернет (а не како татко му – во старите списанија под креветот). Комично-драматичниот почеток на филмот фрла сјај на човештвото како вид, но и врз малиот, осамен човек кој го живее својот живот, вознемируван од „проблеми” како неможноста да гледа порно.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Другите ликови на филмот се мажоретка која гладува, за да може да се вклопи во околниот свет, поттикната од клубот на про-анорексиците; момче кое гледа видеото на Карл Саган за „бледата сина дамка” и решава да се откаже од фудбалот, со тоа што почнува да игра Guild Wars, зашто ништо од ова нема смисла во вселенски размери; мајката, која го следи Facebook профилот на ќерка си и ги брише сите пораки кои не сака малата да ги види; или пак доброто момче што длабоко во себе е манијак. Во целиот проект голема улога има интернетот како средство за комуникација – тој не отуѓува, но од друга страна и ни помага да се поврзуваме едни со други.

Филмот ќе ве запознае со најскриените желби на обичните луѓе, нивните проблеми и меѓусебноста. Новиот бран научнофантастични филмови со навестување на социјална драма го освојува киното и тоа не е воопшто лошо.

Види повеќе за екипата на IMDB

- Реклама -