Маж од 40 години пронајден мртов во Центарот.

На 30.06.2025 година, во 10:20 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје е пријавено дека на паркинг во Центар е пронајден починат маж, С.А. (40) од село Банско, Струмичко.

Лекар од Итната медицинска помош утврдил дека смртта се случила без видливи знаци на насилство.

Увид е извршен од страна на екипа на СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е испратено на обдукција.