Италијанскиот прволигаш Рома во средата официјално соопшти дека во своите редови од Борусија Дортмунд го донесе искусниот стопер, 35-годишниот Матс Хумелс.
На крајот од минатата сезона на Хумелс му истече договорот со Борусија и тој дојде во Рим како слободен играч. Рома официјално не објави, но италијанските медиуми пишуваат дека Хумелс ќе игра во Рома за 2,5 милиони евра по сезона.
Минатата сезона Хумелс играше одлично во црно-жолтиот дрес на клубот од Дортмунд, а Борусија беше најпријатното изненадување во Лигата на шампионите каде што стигна до финалето каде загуби од Реал Мадрид.
Хумелс целата своја кариера ја помина во Бундеслигата, поточно во два клуба – Борусија (Д) и Баерн Минхен. За германската репрезентација забележа вкупно 78 настапи и постигна пет гола.